Erbil Başay
06 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
БЕРЛИН
Во германските градови Берлин и Хамбург одржани се протести по повод смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина од последиците на полициското насилство. Германската полиција интервенираше откако демонстрантите одбија да се разотидат по протестите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на собирите на берлинскиот Александерплац, каде беа околу 15.000 грѓани, демонстрантите протестираа против полициското насилство и расизмот.
Откако организаторите завршија со протестот, неколку стотици демонстранти одбија да го напуштат плоштадот и продолжија со протестите, поради што интервенираше полицијата.
Демонстрантите врз полицијата почнаа да фрлаат флаши и дојде до судири. Еден од демонстрантите го погоди со флаша во глава фоторепортерот кој ги следеше протестите и го повреди.
Голем број демонстранти се приведени во Берлин.
Освен во Берлин, до судирите на полицијата дојде и во текот на собирите во Хамбург, кој исто така е организиран поради случајот на Џорџ Флојд.
Флојд беше уапсен на 25 мај во Минеаполис, САД, откако наводно се обидел да користи фалсификувана банкнота од 20 долари во локална продавница. Видеата од бруталното апсење беа објавени на социјалните мрежи.
Полицијата го привела со лисици и го турнала на земја, а еден од нив, полицаецот Дерек Шаувин, го притиснал коленото на вратот на Флојд. Тврдеа дека тој се спротивставувал на апсењето. Против Чаувин е поднесено обвинение за убиство од втор степен, додека други тројца полицајци се обвинети за помагање при извршување на делото.
И покрај тоа што Флојд во неколку наврати велел дека не може да дише, полицаецот не го тргнал коленото од вратот. Набргу потоа, Флојд изгубил свест, а полицаецот и понатаму ја задржал истата позиција кон жртвата. Флојд починал набргу откако бил хоспитализиран.
Смртта на Флојд предизвика бран протести против полициската бруталност и расната дискриминација, кои во многу американски градо прераснаа во насилни.