Dildar Baykan
20 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку осум лица загинаа откако се сруши станбена зграда во јужната сојузна индиска држава Тамил Наду, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во Индија потврди дека зградата што се сруши е сопственост на автобуска компанија од државата Тамил Наду, и наведе дека причината за оваа несреќа сѐ уште е непозната.
Исто така, беше нагласено дека во несреќата загинаа најмалку осум лица, кои останаа затрупани под урнатините.
Во врска со случајот е започната истрага, а локалните медиуми пишуваат дека станува збор за објект стар 65 години, на чии ѕидови претходно биле забележани пукнатини.