Bilgin S. Şaşmaz
20 Октомври 2017•Ажурирај: 20 Октомври 2017
ЧИКАГО (АА) - Голем број граѓани се собраа на мирен протест во Чикаго, во знак на сеќавање на убиството на 17-годишниот Афроамериканец Лакван Мекдоналд, кого полицаецот Џејсон ван Дајк го уби пред три години, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите се одржаа пред полициската станица во Чикаго, а покрај членовите на семејството на убиениот Мекдоналд, на протестот беа присутни и голем број граѓани.
Насобраните граѓани во молк се потсетија на трагичната смрт на 17-годишниот Мекдоналд, во кој беа испукани 16 куршуми. Бели балони беа пуштени во воздух како спомен на 605-те луѓе кои се убиени оваа година во Чикаго. Тие го извикуваа слоганот: „Нема правда, нема мир“.