Mustafa Deveci
08 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
БАНГАЛОР (АА) - Во пожарот што изби во ресторан во Индија, животот го загубија петмина вработени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави индиската полиција се наведува дека во раните утрински часови во градот Бангалор, во јужниот дел на земјата, од засега непознати причини избувнал пожар.
Противпожарните екипи откако успеале да го згаснат пожарот, во подрумските простории на ресторанот ги пронашле мртвите тела на петмина работници, за кои се претпоставувало дека спијат.
Полицијата започнала истрага во врска со случајот за изнаоѓање на причината којашто го предизвикала пожарот.
Минатиот месец во индискиот град Мумбај исто така избувна пожар во ресторан. Во таа несреќа животот го загубија 15 лица.