Satuk Buğra Kutlugün
08 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
ЛЕФКОЗИЈА (АА) - Ниту една партија не освои доволно гласови на предвремените парламентарни избори во Турската Република Северен Кипар за да биде владејачка партија, поради што можно е да дојде до формирање на коалициска влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Според неофицијалните резултати објавени од страна на претседателката на Изборниот комитет, Нарин Шефик, Партијата за национално единство (UBP), предводена од актуелниот премиер Хусеин Озгургун, освои најголем број гласови, односно 35,44 од вкупно 93 отсто досега избројани гласачки ливчиња.
Шест од вкупно осумте партии што учествуваа на изборите го надминаа прагот од 5 отсто, потребни за застапеност во Парламентот.
Осумте партии кои учествуваа на изборите се Партијата за национално единство (UBP) и Демократската партија (DP) - кои ја сочинуваат актуелната коалициска влада, потоа Турската републиканска партија (CTP), Заедничката партија за демократија (TDP), Народната партија (HP), Социјалистичката ослободителна партија - Нови сили (TKP-YG), Партијата за национална демократија (MDP) и Партијата за препород (YDP).
Во Републиката, во која се регистрирани над 190.500 гласачи, се применува изборниот праг од 5 отсто.
Главниот град Лефкозија е претставен со 16 пратеници - најголем број во однос на другите градови, Газимагуса со 13 пратеници, Керинеја (Гирна) од 10, Искeле од пет, Гузелјурт од четири и Лефке од двајца пратеници.
Од последните општи избори што се одржаа во јануари 2013 година, Турската Република Северен Кипар имаше три коалициски влади предводени од тројца различни премиери.
Сегашната коалициска влада на Партијата за национално единство и Демократската партија ја предводи премиерот Хусеин Озгургун.
Во ноември, парламентот усвои предлог-иницијатива за предвремени избори, според која, општите избори првично планирани за јули 2018 година се преместени седум месеци претходно, т.е на 7 јануари.