Ihvan Radoykov
11 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
СОФИЈА
Пожарот на подрачјето на Лесово, недалеку од бугарско-турската граница, е изгаснат по четири дена, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерката на Хасково, Стефка Здравкова за Бугарската национална телевизија (BNT) изјави дека пожарот се проширил на површина од неколку илјади хектари, меѓу кои има и земјоделска површина.
„Мали грешки на луѓето можат да доведат до огромни штети“, изјави таа.
Здравкова додаде дека претпоставуваат оти причината била цигара која возач на камион ја фрлил покрај граничниот премин во Лесово и дека оганот потпомогат со ветер се проширил брзо. Надлежните служби се на терен и работат на проценка на штетата.
„Мала неодговорност која е причина за пожарот им наштети на илјадници луѓе од тоа подрачје и му нанесе штета на земјоделството. Ги повикувам граѓаните во овој период, кој е со голем ризик од избивање на пожари, да бидат внимателни и одговорни“, изјави Здравкова.
Локалните официјални претставници соопштија дека пожарот е изгаснат по четири дена, а на терен ќе дежураат екипи со девет противпожарни возила.