Ahmet Gençtürk
28 Јули 2021•Ажурирај: 29 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, утре ќе престојува во официјална посета на Турција по покана на неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се истакнува дека за време на посетата ќе се разговара за билатералните односи, чекорите за понатамошно унапредување на соработката меѓу двете земји, како и за најновите случувања во регионот.
Северна Македонија и Турција уживаат пријателски односи како резултат на меѓусебните историски и културни врски.