Merve Berker
06 Февруари 2021•Ажурирај: 07 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес им честита на лидерите на привремената Влада на Либија преку телефонски разговор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ердоган им посака успех на Мухамад Јунес Менфи и на Абдул Хамид Мухамед Дбебибе, кои се избрани на функцијата челник на Претседателскиот совет и на функцијата премиер“, се вели во соопштението на турското Претседателство.
„Турција ќе ги продолжи напорите за политичко единство, територијален интегритет, стабилност, мир, безбедност и просперитет во Либија и за дополнително унапредување на соработката со Либија во новиот период“, рече Ердоган.
Менфи и Дбебиба, кои беа избрани во петокот на Либискиот форум за политички дијалог предводен од ОН, ќе ја поведат земјата на изборите закажани за 24 декември оваа година.
Форумот вклучи Либијци од различна политичка позадина што ги претставуваат трите главни региони во земјата: Триполитанија на запад, Барка на исток и Фезан на југ.
Другите две лица избрани за Претседателскиот совет заедно со Менфи се Муса ал-Кони и Абдула Хусеин ал-Лафи.