Nazlı Yüzbaşıoğlu
14 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Посетата на Турција на руската делегација составена од рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, и лица од воените и безбедносни структури закажана за денес е одложена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција се наведува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу имал телефонски разговор со неговиот руски колега Лавров.
„За време на телефонскиот разговор на нашиот министер, со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, г-дин Сергеј Лавров, е донесена одлука контактите и преговорите меѓу замениците министри на двете држави да продолжат и во наредниот период. Средбата на ниво на министри е одложена за понатаму“, се истакнува во соопштението од турското Министерство.