Турција, Коронавирус

Над 40 милиони луѓе во Турција ја примија првата доза од вакцините против Ковид-19

Во услови на намалување на случаите на Ковид-19 во земјата и забрзаната вакцинација, Турција на 1 јули влезе во нова фаза на нормализација укинувајќи ги речиси сите ограничувања поврзани со вирусот

Gözde Bayar  | 28.07.2021 - Обновена : 29.07.2021
Над 40 милиони луѓе во Турција ја примија првата доза од вакцините против Ковид-19

АНКАРА (АА) - Над 40 милиони луѓе во Турција ја примија првата доза од вакцините против коронавирусот, соопшти денеска турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Коџа ги сподели и најновите неделни стапки за Ковид-19 за секоја 81 турска област.

Споделувајќи ги податоците од 17 јули до 23 јули на Твитер, турскиот министер го повика населението да се вакцинира и да ги следи пропишаните мерки.

Во Истанбул, каде што живее речиси една петтина од населението на Турција, бројот на случаи на 100.000 жители е 88,19, во главниот град Анкара тој број е 69,13, додека во егејската област Измир 33,43.

Турција, од јануари, кога ја започна кампањата на масовна вакцинација, има администрирано над 69,2 милиони дози од вакцините против Ковид-19.

Земјата ја продолжува својата интензивна кампања за вакцинација за да го спречи ширењето на вирусот, во рамките на која може да се вакцинираат лица со навршени 16 години и повеќе.

Во услови на намалување на случаите на Ковид-19 во земјата и забрзаната вакцинација, Турција на 1 јули влезе во нова фаза на нормализација укинувајќи ги речиси сите ограничувања поврзани со вирусот.

Сепак, стремејќи се кон спречување на ширењето на Делта варијантата на вирусот, Турција ги суспендира летовите од Индија и бара лицата кои пристигнуваат од Велика Британија, Иран, Египет и Сингапур да имаат негативен тест за Ковид-19, не постар од 72 часа.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.