свет, Коронавирус

Во Германија регистриран најголем дневен број на случаи на Ковид-19 во последните 7 недели

Позаразната Делта варијанта, која беше потврдена како доминантен вид во земјата на почетокот на овој месец, во моментов е одговорна за 84 отсто од сите нови случаи

Ayhan Şimşek  | 28.07.2021 - Обновена : 29.07.2021
Во Германија регистриран најголем дневен број на случаи на Ковид-19 во последните 7 недели

БЕРЛИН (АА) - Германија го објави најголемиот дневен број на случаи на Ковид-19 во последните седум недели, поттикнувајќи ја дебатата во Владата за понатамошните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Институтот „Роберт Кох“ регистрира 2.768 случаи на коронавирусот во изминатите 24 часа, покажувајќи јасен пораст на новозаразени предизвикан од високозаразната варијанта на Делта сојот.

Институтот пред две недели евидентира 1.548 заразени, и 2.203 минатата среда.

Позаразната Делта варијанта, која беше потврдена како доминантен вид во земјата на почетокот на овој месец, во моментов е одговорна за 84 отсто од сите нови случаи.

Активните случаи на Ковид-19 во Германија денеска се зголемија на 20.400, што е највисока бројка од 24 јуни.

Стравувајќи од брзиот експоненцијален раст на заразени со коронавирусот, министерот за здравство, Јенс Спан, претстави план пред Кабинетот, предлагајќи задолжителни тестови за коронавирусот за сите невакцинирани патници што влегуваат во земјата.

Неговиот план беше поддржан од министерот за внатрешни работи, Хорст Сихофер, но министерката за правда, Кристин Ламбрехт, се спротивстави на планот, јави Радио-телевизијата на Баварија (Bayerischer Rundfunk).

Во моментов само луѓето што патуваат од области со голема инциденца се должни да приложат негативен тест или доказ за вакцинација при пристигнувањето во Германија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.