Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Бројот на вакцинирани граѓани против Ковид-19 надмина 500.000

„Со последните бројки 63 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 60 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина...“

Furkan Abdula  | 28.07.2021 - Обновена : 01.08.2021
Северна Македонија: Бројот на вакцинирани граѓани против Ковид-19 надмина 500.000

СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија бројот на вакцинирани граѓани против новиот вид коронавирус (Ковид-19) надмина 500.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на Северна Македонија.

Од Министерството велат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренската вакцинација.

„На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 500.995 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.098 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.810 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 862.426 дози вакцини, а ревакцинирани се 361.431 граѓанин“, се истакнува од Министерството.

„Со последните бројки 63 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 60 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, се наведува во соопштението.

Граѓаните без закажан термин, според соопштеното, се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата, додека процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во градовите Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, нагласувајќи дека тоа е единствен начин да се успее во борбата против коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.