Eshat Fırat
08 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
КУДС (АА) - Израелските војници на Западниот Брег приведоа 17 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека во текот на ноќта, на неколку локации на Западниот Брег, извршени се акции во кои Палестинците се приведени поради учество во „терористички активности“.
Израелските сили чество вршат упади на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Кудс), и под различни обвиненија приведуваат Палестинци.
Во соопштението на израелската војска се истакнува дека израелските безбедносни сили во 2017 година на подрчајето на Западниот Брег и Појасот Газа уапсиле 3.617 Палестинци. Бројот на уапсени е поголем во однос на 2016 година, кога израелските сили од слобода лишија 3.313 Палестинци на споменатите територии.