Muhammet Nazım Taşcı
17 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
АНКАРА
Во индиското подрачје на Џаму Кашмир дојде до вооружен судир меѓу безбедносните сили и бунтовниците за независност. Во судирот животот го загубија 3 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави телевизискиот канал NDTV, во подрачјето Барамула дојде до вооружен судир меѓу безбедносните сили и бунтовниците.
Во судирот животот го загубија 2 припадници на индиските паравоените сили и 1 полицаец. Ова е трет судир во подрачјето неделава.
Во претходните 2 судири што се случија во подрачјето на Сринагар на 12 и 14 август, животот го загубија двајца припадници на безбедносните сили, а двајца беа ранети.
- Укинувањето на специјалниот статус на Џаму Кашмир
На 5 август 2019 година Индија ги изгласа уставните измени со кои беше укинат специјалниот статус на Џаму Кашмир, ја распушти државната администрација и го подели регионот на две одделни територии на унијата поврзани со централната власт.
По оваа одлука безбедносните сили на Индија започнаа да спроведуваат операции за воведување на јавен ред во Џаму Кашмир, интензивирајќи ги притисоците врз народот, при што покрај забраната за излегување на улица, беа воведени и ограничувања на интернетот, телефонијата и транспортот, а беа приведени и раководството и членовите на локалните партии од регионот.