Gamze Türkoğlu Oğuz
23 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Автобус во индиската сојузна држава, Раџастан падна во река, а според првичните сознанија 32 лица го загубија својот живот, јавува Anadolu Agency (AA).
К.Л. Катара, владин претставник, истакна дека во настанатата сообраќајна несреќа во подрачјето Саваи Мадхопур, 375 километри јужно од Њу Делхи, загинаа 32 лица, додека 10 се повредени.
Според соопштеното, возачот на автобусот управувал со голема брзина, додека во реката паднал откако сакал да претекнува едно возило на мост.
Сеуште не се знае точната бројка на патници. Сеуште траат спасувачките операции.