Emre Aytekin
23 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Научниците открија дека најстарите фосили на алги во светот се стари околу една милијарда години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истражувачите од универзитетот „McGill“ во Канада, успеаја да ја откријат точната старост на најстарите фосили во земјата за кои се претпоставува дека се првиот пример на клеточни организми, за првпат открини во 1990 година на канадскиот осторов Бафин.
Тие открија дека овој фосил на алгата од видот „Bangiomorpha pubescens“, е стара една милиајрда и 47 илјади години.
Досега не можеше да се утврди точната старост на овие фосили.
Научниците на овој начин пресметаа дека фотосинтезата на растенијата започнала пред повеќе од една милијарда години.
Резултатите на истражувањето се објавени во списанието „Geology“.