Mahmut Atanur
23 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
ЏАКАРТА (АА) - Највисокото ниво на предупредување од ерупцијата на вулканот Агунг во Индонезија е укинато, јавува Anadolu Agency (AA).
Владата на оваа земја соопшти дека одлуката за укинување на ова предупредување е донесена на 27 ноември од стрна на претседателот Јоко Видодо.
Претседателот на државата во петокот одржа средба со министри за да покаже дека областа сега е безбедна.
Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо изјави дека со евентуалната вулканска ерупција би било погодена областа од само десет километри и дека поради тоа Бали е безбедно место за туристите.
По активирањето на вулканот Агунг во Индонезија во септември оваа година, загубата во туризмот беше проценета на милијарда долари.
Вулканот Агунг последен пат еруптираше во 1963 година тогаш загинаа околу 1.100 луѓе.