Ekipa
28 Февруари 2019•Ажурирај: 28 Февруари 2019
КАРАЧИ (АА) - Пакистанскиот премиер Имран Кан изјави дека Пакистан утре ќе го ослободи заробениот пилот на индиските воздушни сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Кан овие изјави ги даде обраќајќи се на заедничката сесија на Парламентот, која беше свикана со цел дискутирање за ескалирачките тензии меѓу ривалите кои поседуваат нуклеарно вооружување.
„Ќе го ослободиме индискиот пилот утре“, изјави Кан, мислејќи на командантот на ескадрилата на воздухопловните сили, Абхинандан, кој беше заробен од страна на палестинските безбедносни сили откако авионот МИГ 29 беше соборен од пакистански воен авион во близина на границата со Кашмир.
Ова се случи неколку часа откако Њу Делхи изјави дека напорите за враќање на пилотот, кој е заробен во Пакистан, се во тек.