Ömer Faruk Yıldız
28 Февруари 2019•Ажурирај: 02 Март 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) – Министерот за иницијатива и развој на Малезија, Ридван Јусуф, истакна дека нацрт-моделот за летечкиот автомобил е подготвен и дека во текот на оваа година ќе биде презентиран првиот примерок, јавува Anadolu Agency (AA).
Ридван, нагласувајќи дека е реална целта проектот да заврши во текот на оваа година, додаде: „Имаме технологија за да го направиме тоа. Само треба побрзо да го реализираме проектот.“
- „Тоа ќе биде безбеден автомобил што ќе може да лета на ниска надморска височина“ -
Ридван, истакнувајќи дека летечкиот автомобил ќе биде безбеден и ќе може да лета на ниска надморска височина, рече: „Со овој проект сакаме да подготвиме средина која луѓето ќе ги упати кон новата технологија. Малезија има способности за производство во областа на авијацијата, беспилотните летала и автомобили. Треба да ги употребиме овие можности, затоа што сакаме да бидеме нација која произведува.“
Ридван истакна дека нацрт-проектот за дизајнот на летечкиот автомобил чинел 1 милион малезиски рингити (245.000 долари).
- Малезискиот народ смета дека проектот не е реален -
Граѓаните на Малезија, преку социјалните мрежи упатуваат критички коментари за проектот, а повеќето тврдат дека е нереално производството на автомобил од ваков вид.
Малезија, покрај проектот за летечки автомобил, планира да го произведе и третиот домашен автомобил.
Владата минатата година соопшти дека новиот проект за домашниот автомобил ќе биде реализиран во 2022 година.