БИШКЕК (АА) - Врховниот суд на Киргистан донесе одлука за пренос на сопственоста на „Кајнак холдинг“ во Киргистан, на турскиот Фонд за осигурување на штедни влогови (ТМСФ), чија управа во Турција е предадена на државен повереник, поради поврзаноста на холдингот со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
По обидот за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, управата на подружницата „NT Kitap Kırtasiye AŞ“ е предадена на повереник поради нејзината поврзаност со ФЕТО.
Инаку, веднаш по обидот за државен удар, подружниците и имотот на оваа компанија во Киргистан се префрлени на турскиот државјанин Емин Кизилкаја.
Приговорот на адвокатите на ТМСФ поднесен во 2016 година до Градскиот суд во Бишкек, беше прифатен од овој суд.
Решението на Министерството за правда кое ја покажува пререгистрацијата на компанијата „OsOO Kaynak“, која е подружница на „NT Kitap dhe Kırtasiye AŞ“ во Киргистан, беше прогласено за невалидно.
Емин Кизилкаја, кој ги презеде сите акции на „OsOO Kaynak“, поднесе апелација до Врховниот суд на Киргистан.
Врховниот суд ја одби апелацијата на Кизилкаја.
Амбасадорот на Турција во Бишкек, Џенгиз Ќамил Фират, кој одблизу го следи случајот, истакна дека судскиот случај трае веќе две години. „ФЕТО за првпат изгуби судски случај надвор од земјата со јасна одлука на Судот“, додаде тој.
Фират истакна дека одлуката на Судот е во корист на Турција.
Според него, со оваа одлука е откриено дека припадниците на ФЕТО со измама ги регистрирале акциите на подружницата на „NT Kitap Kırtasiye AŞ“ во Киргистан, врз припадник на ФЕТО.