Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
Балкан

Хрватска и Бугарија блокираа над 35 тони пиперки од Северна Македонија и Албанија поради пестициди

- Во Хрватска се уништени 14,7 тони пиперки од Албанија, а Бугарија во рок од еден месец запрела две пратки со над 21 тон пиперки од Северна Македонија
Abdulbesar Ademi
11 Септември 2026•Ажурирано: 11 Септември 2026
Kilis'in "biberci" köyünde "acı mesai" başladı
СКОПЈЕ

Надлежните органи во Хрватска и во Бугарија блокираа над 35 тони пиперки со потекло од Северна Македонија и Албанија откако лабораториските анализи покажале нивоа на пестициди што не ги исполнувале соодветните барања, пренесува Анадолу.

Според локалните медиуми, во Хрватска се уништени 14,7 тони црвени пиперки со потекло од Албанија откако анализите покажале концентрација од 0,050 милиграми на еден килограм од фунгицидот проквиназид, чија употреба не е дозволена кај пиперките.

Претходно, на 7 септември, друга пратка поминала преку трговец од Северна Македонија, кој ги купил пиперките од албански земјоделец со цел повторно да ги извезе во Хрватска, а според известување, тој не бил запознаен со нивото на пестициди во производот.

Во меѓувреме, се известува дека бугарските власти во рок од еден месец запреле две пратки со вкупно над 21 тон пиперки со потекло од Северна Македонија поради високи нивоа на пестициди.

Во последниот случај Бугарската агенција за безбедност на храната запрела 9,5 тони пиперки, кои се очекува да бидат уништени, а во август друга пратка од 11,6 тони била вратена во Северна Македонија.

Двата случаја биле откриени по извршени контроли и лабораториски анализи на производите.

news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Претходно
ЕБОР поддржа ветерен парк од 131 мегават во Северна Македонија

ЕБОР поддржа ветерен парк од 131 мегават во Северна Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 26 ученици загинаа во пожар во две училишта во ДР Конго

Германската партија АфД поднесе кривична пријава против канцеларот поради изјавите за „етничко чистење“

Во воздушни напади врз Киев повредени осум лица, погоден логистички центар во рускиот град Саратов

ОпенАИ размислува за забавување на развојот на напредната вештачка интелигенција

Истанбул домаќин на глобален туристички настан со цел трговски обем над 116 милиони долари

Бројот на загинати во поплавите во Непал и Кина се искачи на 1.428, продолжува потрагата по 5.649 исчезнати

Хрватска и Бугарија блокираа над 35 тони пиперки од Северна Македонија и Албанија поради пестициди

Погледни сè