Enes Canlı
24 Мај 2022•Ажурирај: 25 Мај 2022
КУДС (АА) - Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Лиор Хаијат, истакна дека посетата на министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, е многу важна од аспект на затоплување на односите меѓу двете земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хаијат за Агенција Анадолија (АА) ја оцени утрешната посета (25 мај) на Чавушоглу на Израел.
„Посетата на Чавушоглу е навистина важна како дел од процесот на повторно затоплување на односите меѓу двете земји“, нагласи израелскиот портпарол.
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска допатува во Рамала, Палестина, во рамки на официјалната посета, и беше пречекан од неговиот палестински колега Ријад ел-Малики.
Чавушоглу утре ќе се сретне со својот израелски колега Јаир Лапид, а исто така ќе има и средба меѓу делегации.
За време на средбата е планирано да се разменат мислења за регионалните и глобалните прашања, како и за билатералните односи.