Elena Teslova
24 Мај 2022•Ажурирај: 29 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Неодамнешните забелешки на високиот дипломат кој поднесе оставка во знак на протест против украинската војна не го одразуваат јавното мнение во Русија, рече денес портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Можеме да кажеме дека господинот Борис Бондарев повеќе не е со нас, туку против нас“, изјави Песков на прес-конференцијата во Москва.
Советникот во постојаната мисија на Русија во Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева, Борис Бондарев (41), поднесе оставка поради рускиот напад на Украина, осудувајќи ги постапките на Владата на Русија.
Песков рече дека Кремљ е свесен за одлуката на Бондарев, додавајќи дека тој ги осудил „дејствата на руското раководство“, што ги „поддржува речиси сето население на земјата“.