свет

Израелските сили продолжуваат со ноќните рации, приведени 23 Палестинци

Според официјални палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат над 5.000 Палестинци, од кои околу 500 административни притвореници и 220 деца

Mustafa Deveci  | 19.09.2019 - Обновена : 19.09.2019
Израелските сили продолжуваат со ноќните рации, приведени 23 Палестинци

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници приведоа 23 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според писменото соопштение на Израелската војска, во рациите извршени синоќа, на различни места на Западниот Брег приведени се 23 Палестинци, под образложение дека биле вмешани во „терористички активности“.

Во соопштението се наведува дека приведените Палестинци се пренесени во центрите за притвор.

Израелските сили често вршат рации во окупираните територии на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни образложенија приведуваат Палестинци.

По приведувањата, кои на Западниот Брег и во Источен Ерусалим станаа вообичаени, дел од приведените Палестинци, меѓу кои има деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.

Израел, со практиката наречена „административен притвор“, во зависност од разузнавачките информации, може да приведе Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци. Ако притвореникот се смета за „опасност за безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.

Според официјални палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат над 5.000 Палестинци, од кои околу 500 административни притвореници и 220 деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.