свет

САД дадоа јасни услови за развој на нуклеарната програма на Саудиска Арабија

Министерот за енергетика на САД, Рик Пери, на тогашниот саудиски колега, Халифа ал Фатих, му прати писмо во кое наведе дека С. Арабија може од САД да добие нуклеарна технологија, под услов да не се впушта во збогатување на разблажениот ураниум

Kasım İleri  | 19.09.2019 - Обновена : 19.09.2019
САД дадоа јасни услови за развој на нуклеарната програма на Саудиска Арабија

ВАШИНГОН (АА) - Властите на Саудиска Арабија неодамна го соопштија планот за развој на нуклеарната програма, а во медиумите протече документ во кој властите на Соединетите Американски Држави (САД) наведоа услови под кои официјален Ријад може да влезе во тој проект, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерот за енергетика на САД, Рик Пери, на 4 јули на тогашниот саудиски колега Халифа ал Фатих му прати писмо во кое наведе дека Саудиска Арабија може од САД да добие нуклеарна технологија, под услов да не се впушта во збогатување на осиромашениот ураниум.

Во писмото, до чија содржина дојде медиумската куќа „Блумберг“ (Bloomberg), исто така се наведува дека Саудиска Арабија мора да ги почитува меѓународните прописи и дека нема да може да купува реактори од Јужна Кореја, бидејќи станува збор за реактори со американска технологија.

Саудискиот крал Селман бин Абдулазиз на почетокот на септември го смени дотогашниот министер за енергетика Ал Фатих и на негово место го именуваше синот на Абдулазиз бин Салман.

Новоименуваниот министер за енергетика и природни ресурси на Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Салман, изјави дека неговата земја планира производство и збогатување на ураниум за потребите на националната програма за нуклеарна енергија.

Тој изјави дека Саудиска Арабија сака да го комплетира целиот круг на нуклеарна програма, што вклучува производство и збогатување на ураниум за потребите на нуклеарните електрани.

„Целта ни е со користење на нуклеарна технологија и мирновременски цели да ја редуцираме зависноста на Саудиска Арабија од фосилно гориво“, изјави Бин Салман.

Властите на Саудиска Арабија претходно го најавија планот за изградба на два нуклеарни реактори во вредност од седум милијарди долари, а како партнери се понудија Кина, САД, Русија, Франција и Јужна Кореја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.