свет

Гутереш ги отфрли обвинувањата дека ја критикувал Кина за Ујгурите

Гутереш ги негираше обвинувањата дека ја критикувал Кина по повикот на организациите за човекови права да го осуди држењето на ујгурските Туркијци во камповите.

Nuri Aydın  | 19.09.2019 - Обновена : 20.09.2019
Гутереш ги отфрли обвинувањата дека ја критикувал Кина за Ујгурите

ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, ги отфрли тврдењата дека ја критикувал Кина дека ги држи муслиманите Ујгури во контроверзните логори во автономниот ујгурски регион во Кина, Синџианг, пренесува Anadolu Agency (AA).

Гутереш во изјавата ги негираше обвинувањата дека ја критикувал Кина по повикот на организациите за човекови права да го осуди држењето на ујгурските Туркијци во камповите.

Наведувајќи дека обвинувањата против него за водење тајна дипломатија не ја одразуваат вистината, Гутереш истакна: „Мислам дека освен јас нема друг што разговара со кинеските власти интензивно и отворено во врска со темата.“

Гутереш, исто така, потсети дека за време на посетата на Пекинг во април не само што го поставил прашањето, туку го обзнанил и јавно.

- Организациите за човекови права упатија повик до Гутереш -

Организациите за човекови права, вклучително и „Хјуман рајтс воч“ (HRW), „Амнести интернешнал“ (Amnesty International), Меѓународната комисија на правници (ICJ), Меѓународната федерација за човекови права (FİDH) и Светската конференција за Ујгурите, упатија повик до Гутереш да го осуди држењето на муслиманските Ујгури во контроверзните логори во автономниот регион Синџианг.

Камповите што работат под називот „центар за едукација“ во автономниот регион Синџианг, каде што живеат ујгурските Туркијци во Кина, се критикувани од меѓународната јавност поради прекршувањето на правата за идентитетот и културата на Ујгурите.

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека систематската политика за асимилација на кинеските власти врз ујгурските Туркијци е голем срам за човештвото.

„Очекуваме реакцијата на турската јавност против тешките кршења на човековите права да бидат земени предвид од страна на кинеските власти“, беше истакнато во соопштението од Министерството, поканувајќи ги кинеските власти да ги затворат концентрационите логори.

Портпаролот на АК Партијата, Омер Челик, исто така, истакна: „Во никој случај не се легитимни постапките за произволните апсења на ујгурските Туркијци и држењето на повеќе од милион ујгурски Туркијци во концентрационите логори и затворите.“

На 11 јули, 22 земји членки на Советот за човекови права на ОН потпишаа писмо во кое го критикуваа третманот на Кина кон ујгурските Туркијци и другите малцинства во автономниот регион Синџианг.

Во писмото, исто така, беше упатен повик за прекинување на масовното притворање.

- Кинеските власти ги отфрлаат барањата на ОН -

Во извештајот на „Хјуман рајтс воч“ (HRW) се истакнува дека во последните две години голем број луѓе во автономниот регион Синџианг под образложението „превентивна полициска мерка“ се притворени невини и дека без никаква судска одлука лицата кои се сметаат за политички опасни се испраќаат во концентрациони логори.

Обединетите нации (ОН) и другите меѓународни организации ги повторија своите повици за отворање на камповите за да може да бидат оценети, но Кина досега на мал број странски дипломати и медиуми им дозволи делумно да посетат неколку кампа што сами ги одредија.

Кинеските власти ги отфрлаат барањата на претставниците на ОН за спроведување слободна истрага во регионот за добивање директни информации.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın