свет

Средба Помпео - Бин Селман: „Меѓународната заедница треба да се соедини против Иран“

Државниот секретар Помпео и саудискиот принц разговараа за неодамнешните напади на Иран врз саудиските нафтени постројки и истакнаа дека нападите се неприфатливи

Hakan Çopur  | 19.09.2019 - Обновена : 20.09.2019
Средба Помпео - Бин Селман: „Меѓународната заедница треба да се соедини против Иран“

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, и саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Селман, за време на состанокот во Ријад истакнаа дека нападите на Иран врз нафтените постројки на Саудиска Арабија се неприфатливи, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, даде писмено соопштение во врска со состанокот помеѓу Помпео и Мухамед бин Селман.

„Државниот секретар Помпео и саудискиот принц разговараа за неодамнешните напади на Иран врз саудиските нафтени постројки и истакнаа дека нападите се неприфатливи. Министерот и саудискиот принц се согласија дека овие напади не ги загрозуваат само саудиските граѓани, туку и американските граѓани кои живеат во оваа земја, а исто така се закануваат на ланецот за производство на нафта во земјата“, се истакнува во писмената изјава на Ортагус.

Во изјавата се наведува дека Помпео и саудискиот принц истакнале дека „меѓународната заедница треба да се соедини против Иран“ и упатиле повик да се застане против активностите на Иран во регионот.

Американскиот државен секретар Помпео, пред да пристигне во Ријад, во изјавата за медиумите во авионот повтори дека Иран е одговорен за нападот врз нафтените постројки на „Сауди Арамко“ и нападот го опиша како „причина за војна“.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, пак нареди зголемување на санкциите кон Иран.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.