свет

Израелските мајки протестираа близу границата со Газа за враќање на израелските заробеници

Мајките, чии деца се меѓу оние што се држат во Газа, со светилки преку Морзеов код ги испишаа имињата на 50 заробени лица.

Aida Cako  | 14.08.2025 - Обновена : 15.08.2025
Израелските мајки протестираа близу границата со Газа за враќање на израелските заробеници Фото: Yair Palti/АА

СКОПЈЕ (АА) - Коалицијата „Мајки на фронтот“ се собра во израелското населено место Нахал Оз, во близина на границата со Газа, барајќи враќање на израелските заробеници и прекин на војната, јавува Анадолу.

Мајките, чии деца се меѓу оние што се држат во Газа, со светилки преку Морзеовата азбука ги испишаа имињата на 50 заробени лица.

Во рамките на акцијата беа прикажани и пораки преку светлосни ефекти, повикувајќи на итно враќање на заробените и спасување на децата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.