свет

Израелските безбедносни сили продолжуваат со нападите врз верниците во џамијата „Ал Акса“

Портпаролот на Управата на исламски вакафи на Кудс, Фирас Дибс, за АА изјави дека израелската полиција ги нападнала верниците во џамијата „Ал-Акса“ и дека дошло до туркање меѓу полицијата и палестинската младина

Esat Fırat, Turgut Alp Boyraz  | 10.05.2021 - Обновена : 11.05.2021
Израелските безбедносни сили продолжуваат со нападите врз верниците во џамијата „Ал Акса“

КУДС (АА) - Сè уште траат нападите кои израелските безбедносни сили започнаа да ги изведуваат кон верниците по завршувањето на предвечерната молитва (акшам намаз) во комплексот на џамијата „Ал-Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Управата на исламски вакафи на Кудс, Фирас Дибс, за АА изјави дека израелската полиција ги нападнала верниците во џамијата „Ал-Акса“ и дека дошло до туркање меѓу полицијата и палестинската младина, по што израелската полиција започнала да користи пластична муниција и шок бомби.

За време на нападите на израелските сили избувнал пожар, а се запалило и едно стебло во дворот на џамијата. Пожарот е изгаснат со интервенција на пожарникарите.

Дибс во разговор со новинарот на АА рече дека Евреите ги изведуваат обредите кај Sидот на плачот во комплексот „Ал-Акса“ и дека сè уште траат нападите на израелската полиција врз Палестинците. Палестинската младина одговори со фрлање камења кон полицијата.

И покрај нападите на израелските сили, верниците започнаа да клањаат и терави намаз (вечерна молитва за време на месецот Рамазан).

Палестинците во Кудс веќе неколку дена протестираат поради израелските рации и судските одлуки за присилно иселување на палестинските семејства од населбата Шеих Џарах. Ситуацијата ескалираше откако израелските сили во петокот со интервенции се обидоа да ги растераат верниците од комплексот „Ал-Акса“.

И утрово израелските сили интервенираа против Палестинците кои се собраа по утринската молитва за да спречат влез на радикалните еврејски групи во комплексот „Ал-Акса“. Повредени се најмалку 331 лице.

Радикалните еврејски групи вчера и денес го одбележуваат „Денот на Ал-Кудс“ во знак на сеќевање на денот кога Израел на крајот на шестдневната војна во 1967 година го окупираше Кудс (Ерусалим). По тој повод радикалните Евреи се повикани да влезат во комплексот „Ал-Акса“.

Директорот на комплексот „Ал Акса“, Омар ал Кисвани, го повика исламскиот свет да помогне. Тој преку разгласот на Харем-и Шериф истакна дека „Ал Акса“ се наоѓа под голем напад и најави продолжување на палестинскиот отпор.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.