Hamdi Yıldız
11 Мај 2021•Ажурирај: 12 Мај 2021
ГАЗА
Министерството за здравство на Палестина соопшти дека билансот на смртно настрадани во израелските напади врз Газа се зголеми на најмалку 24, а дека се повредени 103 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека меѓу 24 шехиди што ги положија животите се и најмалку девет деца, а дека се ранети најмалку 103 лица.
Претставник на Цивилната одбрана за АА рече дека во последниот напад загинале уште три лица од една куќа на западот на Газа, а меѓу загинатите е една жена и едно лице со инвалидитет.
Палестинците во Кудс веќе неколку денови протестираат поради израелските рации и судските одлуки за протерување на палестинските семејства од квартот Шеик Џарах. Ситуацијата ескалираше откако израелските сили со нападот се обидоа да ги растераат верниците од комплексот „Ал Акса“.
Доцна вечерта во понеделникот израелската Војска соопшти дека изведува жестоки воздушни напади врз Газа и тоа како одговор на ракетните напади што претходно од Газа се изведени кон израелските градови.