свет

Најмалку 20 Палестинци, меѓу кои 9 деца, ги загубија животите во Газа

Претходно, израелската војска објави дека ќе започне воздушни напади врз Појасот Газа

Muhammad Majid  | 10.05.2021 - Обновена : 11.05.2021
Најмалку 20 Палестинци, меѓу кои 9 деца, ги загубија животите во Газа Фото: Ali Jadallah/AA

ГАЗА (АА) - Најмалку 20 Палестинци, од кои девет деца, загинаа денес во Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството истакна дека 65 лица се повредени.

Претходно, израелската војска објави дека ќе започне воздушни напади врз Појасот Газа.

Палестинските групи на отпорот истрелаа околу 60 ракети, од кои седум врз Ерусалим, додека остатокот од ракетите биле насочени кон Ашкилон, Сдерот и населбите во близина на Појасот Газа.

Потегот е одговор на континуираните израелски напади во џамијата „Ал-Акса“ и принудното иселување на палестинските семејства од населбата Шеих Џарах во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим).

Израелската војска соопшти дека еден Израелец е повреден откако неговиот автомобил бил цел на антитенковска ракета во близина на Појасот Газа.

Претходно, палестинското Министерство за здравство истакна дека девет Палестинци, од кои три деца, загинале во Појасот Газа.

„Телата на девет загинати, меѓу кои и три деца и уште неколку повредени лица се донесени во болницата „Беит Ханун“ во северниот дел на Појасот Газа“, изјави Ашраф ал Кудра, портпарол на Министерството.

Од друга страна, израелската војска објави дека изведува жестоки воздушни напади врз Газа како одговор на ракетните напади што претходно од Газа се изведени кон израелските градови.

Палестинската Црвена полумесечина претходно соопшти дека денеска во интервенциите на израелските безбедносни сили во комплексот „Ал-Акса“ повредени се најмалку 305 Палестинци.

Палестинците во Кудс веќе неколку дена протестираат поради израелските рации и судски одлуки за протерување на палестинските семејства од Шеик Џарах. Ситуацијата ескалираше откако израелските сили во петокот со интервенција се обидоа да ги истераат верниците од комплексот на „Ал Акса“.

И утринава израелските сили интервенираа врз Палестинците кои се собраа по клањањето на утринската молитва (сабах-намаз) за да го спречат влезот на радикалните еврејски групи во комплексот „Ал Акса“.

Радикалните еврејски групи вчера и денес го одбележуваат „Денот на Ал Кудс“ во знак на сеќавање на денот кога Израел на крајот на Шестдневната војна во 1967 година го окупираше Ал Кудс (Ерусалим). По тој повод ги повикаа радикалните Евреи да влезат во комплексот „Ал Акса“.

Директорот на комплексот „Ал Акса“, Омар ал Кисвани, го повика исламскиот свет да помогне. Тој преку разгласот на Харем-и Шериф истакна дека „Ал Акса“ се наоѓа под голем напад и најави продолжување на палестинскиот отпор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın