свет

Израелскиот премиер планира да го продолжи задолжителниот воен рок поради сè поголемиот недостиг на војници

Тој изјави дека Владата ќе ги ревидира законите за регрутација и продолжувањето на воената служба по еврејскиот празник Пасха

Tarek Chouiref  | 27.03.2026 - Обновена : 27.03.2026
Израелскиот премиер планира да го продолжи задолжителниот воен рок поради сè поголемиот недостиг на војници

ИСТАНБУЛ (AA) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Владата планира да го продолжи задолжителниот воен рок бидејќи војската се соочува со голем недостиг на војници, објави израелскиот радиодифузер КАН, пренесува Анадолу.

Нетанјаху ги даде овие изјави на состанокот на безбедносниот кабинет како одговор на тврдењето на началникот на Генералштабот на армијата, Ејал Замир, кој предупреди дека војската би можела да „колабира“ доколку не се реши кризата.

Тој изјави дека Владата ќе ги ревидира законите за регрутација и продолжувањето на воената служба по еврејскиот празник Пасха.

Отфрлајќи ги приговорите на правниот советник на Комисијата за надворешни работи и одбрана на Кнесетот во врска со барањата за регрутација на ултраортодоксните Евреи, Нетанјаху изјави: „Неговата улога е да советува, но ние ги носиме одлуките.”

Секретарот на кабинетот, Јоси Фукс, изјави дека Владата би ги разгледала и продолжувањето на воената служба и напредувањето со новиот предлог закон за регрутација веднаш по празникот.

Портпаролот на израелската армија, Ефи Дефрин, рече дека војската се соочува со недостиг од околу 15.000 војници, вклучително и 8.000 војници за директно тактичко копнено војување.

Израелските воени претставници посочуваат на зголемените оперативните барања, вклучително и континуираните дејства во Газа, нападите врз Иран и Либан, како и обезбедувањето на населбите изградени на окупираната палестинска земја на Западниот Брег, како клучни фактори за недостигот на војници.

Тие предупредија дека бројот на војници се намалува со зголемувањето на мисиите.

Прашањето за регрутација на ултраортодоксните Евреи (Хареди) предизвика политичка криза во Израел, при што партнерите во коалицијата на Нетанјаху од редот на Харедите ги бојкотираат гласањата во Парламентот поради предложениот закон.

Според актуелниот закон, израелските мажи служат 32 месеци задолжителен воен рок, додека жените служат 24 месеци, при што се разгледуваат предлози да се продолжи до 36 месеци.

Потегот доаѓа во време на проширување на израелските копнени операции во Јужен Либан, каде што војската се обидува да го зголеми своето присуство во областите северно од реката Литани, а истовремено продолжува силно да го напаѓа Либан од воздух и со својата копнена офанзива започната по прекуграничниот напад Хезболах на 2 март.

Ескалацијата следува по заедничката американско-израелска офанзива врз Иран, во која се убиени над 1.340 лица од 28 февруари досега.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, американските воени бази и земјите во Персискиот Залив.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.