свет

Само седум трговски брода поминале низ Ормускиот Теснец во последните два дена

Танкерите за нафта и хемикалии „Егрет“ и „Савона“ на 25 март минале од исток кон запад без товар

Nuran Erkul Kaya  | 27.03.2026 - Обновена : 27.03.2026
 Само седум трговски брода поминале низ Ормускиот Теснец во последните два дена

ЛОНДОН (АА) – Само седум трговски брода поминале низ Ормускиот Теснец на 25 и 26 март, додека поморскиот сообраќај останува на критично ниско ниво поради војната на САД и Израел против Иран, јавува Анадолу.

Според податоците од платформата за следење бродови во реално време „МаринТрафик“, на 25 март низ теснецот поминале два брода со вклучени системи за автоматска идентификација, додека на 26 март бројот се зголемил на пет.

Танкерите за нафта и хемикалии „Егрет“ и „Савона“ на 25 март минале од исток кон запад без товар.

Следниот ден товарните бродови „Кристијана“ и „Ен Џеј Јупитер“ натоварени ја поминале оваа маршрута, заедно со танкерите за течен нафтен гас „Ниба“ и „Салуте“, како и танкерот за нафтени деривати „Александра“, кој се движел од запад кон исток.

Податоците на британската служба за поморска трговија покажуваат дека во просек дневно низ теснецот минуваат 138 брода.

Драстичниот пад на комерцијалниот сообраќај низ оваа стратегиски важна морска маршрута продолжува да врши силен притисок врз глобалните синџири на снабдување и да придонесува за раст на цените, со оглед на неговата клучна улога во светската трговија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.