Halil Fidan
17 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
ШАНЛИУРФА (AA) - Седумдесет и четиригодишната сиријка, Шемси Али, заедно со нејзиното семејство, бегајќи од граѓанската војна нашле засолниште во Турција. Таа пред извесно време го изгуби сопругот, а не може да се врати во својата родна земја, бидејќи се плаши терористите на ПЈД/ПКК, да не ѝ ги земат деца.
Околу 30 илјади сириски Курди, претежно жени и деца, избегаа од граѓанската војна во Сирија и живеат во шаторскиот град Суруч, во Шанлиурфа, направен од страна на Претседателството за раководство со кризи и итни случаи (АФАД) при Владата на Република Турција.
Сириските Курди коишто ѝ изразуваат благодарност на Турција за новите можности за домување што им се достапни, не можат да се вратат во своите домови поради насилството, прогонот и угнетувањето на терористичката организација ПЈД/ПКК.
Една од илјадниците бегалци и мајка на 11 деца, 74-годишната сиријка Шемси Али, која живее во шаторскиот град, не може да се врати во селото поради нејзиниот страв терористите да не ѝ ги земат децата.
Старата жена чиј животен сопатник пред извесно време почина, по прогонството и неправдата што ја доживеале е загрижена и таа да не умре далеку од својата татковина.
- Не знае каде е гробот на нејзиниот сопруг -
Додека раскажуваше за најтажниот период од нејзиниот живот, сиријката Али, која, повремено не можеше да ги задржи солзите, му истакна на дописникот на АА дека дошле тука пред околу 4 години поради конфликтите.
Али кажа дека во Турција биле пречекани на најдобар начин, но секогаш кај нив постои желбата да се вратат во своите земји. Но, и покрај нивната желба, тие не можат да се вратат во своите домови, бидејќи се плашаат од ПЈД/ПКК.
Шемси Али истакна дека сопругот умрел со големо копнеење кон татковината и додаде:
„Нашиот дом, нашата земја е земена, немаме ништо. Мојот сопруг сакаше да се врати во Сирија, но не успеа. Погребот можевме да го придружуваме само до Кобани (Ајн ел Араб). Не знам каде му е гробот, не можам да го посетам. Сега моите деца се сирачиња. Моите ќерки се во брак, а најмалото момче ми е сè. Моите деца работат овде, како можеме да одиме. Ако се вратиме во Сирија, тие ќе го земат мојот син. Моите ќерки, исто така, пораснаа, а за жал, ги земаат и девојчињата. Како можам да им ги дадам на нив моите деца? Затоа не можам да се вратам. И моите деца не сакаат да се вратат, затоа што се плашат од прогонот на ПЈД. Ние не сакаме војна во нашата земја. Сакаме да заврши оваа бруталност“.
- Терористите ни ги запалија куќите -
Неџех Мухамед заедно со неговата сопруга и трите ќерки, исто така, побегнале од војната. Тие не можат да се вратат, поради притисоците што им ги прават терористите на ПЈД/ПКК.
„Терористите на ПЈД ја запалија нашата куќа во Кобани, затоа што не сме дел од нив. Тие апсолутно не се разликуваат од ДАЕШ, и двете ги малтретираат луѓето. Немам синови, имам три ќерки, и ако останам таму ќе ми ги земат ќерките. Ние сме религиозни луѓе. Не можеме да дозволиме нашите девојчиња да завршат на овој начин“, рече Мухамед.