свет

Израелскиот министер за надворешни работи Лапид следната недела во посета на ОАЕ

Лапид ќе биде првиот израелски министер што ќе го посети Абу Даби по договорот за нормализација на односите помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)

Mustafa Deveci  | 21.06.2021 - Обновена : 23.06.2021
Израелскиот министер за надворешни работи Лапид следната недела во посета на ОАЕ

АЛ КУДС (АА) - Министерот за надворешни работи на Израел, Јаир Лапид, следната недела ќе престојува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи наведено е дека Лапид во посета на ОАЕ ќе престојува на 29 и 30 јуни.

За време на посетата, Лапид ќе присуствува на отворањето на Амбасадата на Израел во Абу Даби и на Конзулатот во Дубаи.

Тој ќе биде првиот израелски министер што ќе го посети Абу Даби по договорот за нормализација на односите помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

ОАЕ и Израел на 15 септември 2020 година во Белата куќа постигнаа договор за нормализирање на односите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın