Erbil Başay
21 Јуни 2021•Ажурирај: 22 Јуни 2021
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, побара да се ажурира договорот за миграција меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за весникот „Велт“ (Welt), Мас истакнувајќи дека има потреба од ажурирање на соработката со Турција за миграциите, рече: „И покрај сите тешкотии со турската Влада, мора да се признае дека оваа земја го носи товарот на миграцијата за нас, тоа не може да се смета за безначајно.“
Посочувајќи дека приближно 4 милиони Сиријци и бегалци од други земји живеат во Турција, Мас рече: „Верувам дека ние во ЕУ имаме голем интерес за понатамошен развој и ажурирање на договорот за миграција со Турција.“
На прашањето за финансиската поддршка на ЕУ кон Турција во случај на нов договор, Мас нагласи: „Не сакам да кажувам никакви бројки, но сосема е јасно дека нема да биде бесплатно.“
Истакнувајќи дека Турција прави големи трошоци, а други заштедуваат пари, Мас рече дека станува збор за грижа за милиони луѓе.
Германскиот министер исто така истакна дека односите со Турција во моментов се релативно конструктивни.
Од друга страна, оценувајќи ја победата на Ибрахим Реиси во Иран, Мас рече: „Администрацијата во Иран во основа треба да одлучи по кој пат сака да оди.“
Тој наведе дека за време на преговорите Техеран во принцип дал впечаток дека е отворен за конструктивен пат, но дека тоа ќе се види доколку Иран е подготвен да се врати на нуклеарниот договор со Соединетите Американски Држави (САД).
- 2. Конференција за Либија -
Мас, истакнувајќи дека 2. Конференција за Либија, што ќе се одржи во Берлин на 23 јуни, ќе се фокусира на давање нов поттик за изборите што се планирани да се одржат на 24 декември и повлекување на странските сили од земјата.
Министерот Мас наведе дека оние што ветија повлекување на воените сили од Либија на претходниот состанок одржан во Берлин не го одржале своето ветување.
Исто така додаде дека за да не се појави воен дисбаланс што едната страна ќе може да го искористи за ненадеен напад, странските сили треба да ја напуштат земјата чекор по чекор и рамномерно.