Ahmed Asmar
28 Февруари 2024•Ажурирај: 29 Февруари 2024
ЕРУСАЛИМ/КУДС (АА) - Околу 14 ракети се истрелани денес од Јужен Либан кон северните делови на Израел, јавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.
Израелскиот Канал 12 објави дека 14 ракети биле истрелани врз градот Кирјат Шмона, предизвикувајќи штета на зграда, при што нема повредени.
Се додава дека сирените за опасност од ракетни напади се активирани во северните делови на Израел во близина на либанската граница.
Вчера израелската војска го потврди нападот на Хезболах врз израелската база за воздушна контрола Мерон, во Северен Израел, со десетици ракети, како одговор, како што објави групата, на израелскиот напад врз градот Баалбек, Источен Либан.
Тензиите се разгореа по должината на границата меѓу Либан и Израел со наизменична размена на оган меѓу израелските сили и либанската група Хезболах, што се најсмртоносни судири откако двете страни водеа војна во 2006 година.
Пограничните тензии избувнаа во време на тековната израелска воена офанзива врз Појасот Газа, започната по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.