Mustafa Deveci
28 Април 2021•Ажурирај: 29 Април 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција удри палестински здравствен работник и приведе голем број луѓе додека ги растеруваше насобраните лица пред влезната порта „Дамаск“ во стариот град Источен Ерусалим (Кудс), кој е под окупација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Палестинците по терави намазот (вечерна молитва на муслиманите за време на месецот Рамазан) се собраа пред портата „Дамаск“ и по повлекувањето на израелската полиција, го прославија отстранувањето на бариерите во регионот.
Тензиите ескалираа откако израелската полиција приведе некои лица од насобраната маса.
Обидувајќи се да ја растера насобраната маса луѓе, израелската полиција нападна одредени Палестинци, меѓу кои и еден здравствен работник, а потоа приведе поголем дел од нив, вклучувајќи го и здравствениот работник.
Со почетокот на месецот Рамазан, израелската полиција со барикади ги блокираше местата за седење пред портата „Дамаск“ во Стариот Град.
Како реакција на тоа, Палестинците уште од првиот ден на Рамазан се собраа пред портата „Дамаск“, а израелската полиција интервенираше во првите 11 дена од месецот Рамазан.
Со повлекувањето на израелската полиција, Палестинците ги отстранија барикадите пред портата „Дамаск“ на 26 април.