Bayram Altuğ
28 Април 2021•Ажурирај: 29 Април 2021
ЖЕНЕВА (АА) - Во Женева денес е продолжена неформалната конференција за решавање на кипарското прашање во форматот 5+1, јавува Агенција Анадолија (АА).
Конференцијата што се одржува под покровителство на ОН започна вчера.
На неформалната конференција за прашањето на Кипар присуствуваат кипарските страни и земјите гаранти Турција, Грција и Велика Британија.
Со првиот денешен состанок претседаваше и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
По воведниот говор на Гутереш, на присутните ќе им се обратат и челникот на кипарските Грци, Никос Анастасијадис, претседателот на Турската Република Северен Кипар, Ерсин Татар, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, и британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб.
По паузата, Гутереш во рамките на второто заседание ќе одржи билатерални состаноци со шефовите на делегациите.
Состаноците, затворени за медиумите, се одржуваат во Кабинетот на ОН во Женева.
Генералниот секретар на ОН, Гутереш, вечер ќе организира неформална вечера во чест на шефовите на делегациите, а конференцијата за решавање на кипарското прашање завршува утре.