Esat Fırat
30 Септември 2021•Ажурирај: 01 Октомври 2021
КУДС (АА) - Израелската полиција уби Палестинка за наводен „обид за напад со нож“ во Стариот Град на окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на полицијата се тврди дека 30-годишна Палестинка се обидела со остар предмет да ги нападне полицајците кои стоеле на портата Силсиле на „Месџид ал Акса“ во подрачјето на Стариот Град.
Во соопштението се наведува дека полицијата ја неутрализирала жената со вистински куршуми. Повеќе детали за настанот не се дадени.
По настанот израелската полиција затвори одредени влезови на подрачјето на Стариот Град, вклучително и Портата на Дамаск.
Според локални извори, Палестинката се вика Исра Хузејме, регистрирана како жителка на подрачјето на Кабатија во градот Џенин, на окупираниот Западен Брег.
Израелските сили продолжуваат со злосторствата против Палестинците за наводни обиди за извршување на „напад со нож“ или „прегазување со возила“.
Организациите за човекови права го обвинуваат Израел дека врши вонсудски егзекуции против Палестинците.