свет

Египет и Палестина зборувале за соработка во врска со Ковид-19

- Во разговорот меѓу Министерот за надворешни работи на Египет, Самих Сукри и генералниот секретар на Палестинската ослободувачка организација Саиб Урејкатна станало збор и за повторното започнување на преговори меѓу Палестина и Израел

Said İbicioğlu  | 07.04.2020 - Обновена : 08.04.2020
Египет и Палестина зборувале за соработка во врска со Ковид-19

ЕРУСАЛИМ

Министерот за надворешни работи на Египет, Самих Сукри разговараше со генералниот секретар на Палестинската ослободувачка организација (PLO) Саиб Урејкат за мировните преговори со Израел и за борбата против ширењето на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за надворешни работи на Египет соопшти дек Сукри и Урејкат разговарале телефонски и дека главна тема на разговорите била соработката против ширењето на пандемијата.

Во соопштението се наведува дека се придава големо значење на повторното започнување на преговори меѓу Палестина и Израел, откако ќе се надмине кризата предизвикана од пандемијата.

Според последните податоци во Египет со коронавирус се заразени 1.322 лица, додека 85 починале.

Во Палестина до сега е потврдено заразување кај 260 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.