свет, Коронавирус

Ковид-19: Кина го отвора градот Вухан по 76 дневен карантин

- Кина денес го укинува карантинот во Вухан кој траеше 76 дена со цел спречување на ширењето на коронавирусот

Riyaz Khaliq  | 07.04.2020 - Обновена : 08.04.2020
Ковид-19: Кина го отвора градот Вухан по 76 дневен карантин

АНКАРА 

Кина денес го укинува карантинот во Вухан кој траеше 76 дена со цел спречување на ширењето на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Околу 12.00 часот по локално време, властите дозволија движење на сообраќајот надвор од главниот град на централната покраина Хубеи, каде што беше забележан за прв пат вирусот, објави дневниот весник Глобал Тајмс

Властите во земјата минатиот месец објавија дека ќе ги укинат ограничувањата во Вухан до 8 април. Во Вухан живеат речиси 11 милиони лица.

Кина на 23 јануари го ограничи слободното движење во Вухан за да го спречи ширењето на Ковид-19.

Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот.

Во светот се регистрирани над 1,36 милион потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е близу 76.000.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.