Yusuf Özcan
07 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
ПАРИЗ
Бројот на починатите од последиците на Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми на 1.427, со што вкупниот број на починати достигна 10.328, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Министерството за здравство, Жером Саломон изјави дека заразувањето е потврдено кај уште 3.777 лица, со што вкупниот број на заразени во моментот изнесува 78.167.
Саломон изјави дека бројот на заразените во старечките домови се зголемил на 30.902, а вкупниот број на лица кои се позитивни на тестот на Ковид-19 во земјата достигнал 109.069.
Наведувајќи дека во последните 24 часа бројот на излекувани се зголемил на 19.337, Саломон изјави дека во моментот не станува збор за укинување на забраната на движење.
Тој истакна дека е потребна поддршка во старечките домови, додавајќи дека е забележеан најголем дневен раст на бројот на починатите во старечките домови.
Премиерот на Франција Едуар Филип го коментираше предлогот за укинување на забраната на движење.
„Наш приоритет треба да биде спречувањето на ширењето на Ковид-19 за да може капацитетот на болниците да биде доволен за заболените на кои им е потребна интензивна нега“, изјави Филип.
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго во изјава за „France Info“ наведе дека се нарачани 2 милиони маски кои ќе им бидат поделени на Парижани.