Emel Gözellik
07 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
АНКАРА
Од последиците на Ковид-19 во светот починаа повеќе од 80.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на веб-страницата „Worldometer“, каде што се евидентираат податоците за Ковид-19, бројот на смртни случаи во светот се зголеми на 80.930 а бројот на потврдени случаи со вирусот на 1.397.165.
Најмногу смртни случаи се потврдени во Италија, каде починаа 17.127 лица. Следува Шпанија со 13.897, САД со 12.227, Франција со 10.328, Велика Британија 6.159 и Иран со 3.872 починати лица.
Во Кина, каде што за прв пат се појави вирусот, починаа 3.331 лица.
Другите земји во кои се потврдени повеќе од илјада смртни случаи се Холандија (2.101), Белгија (2.035) и Германија (1.905).
Новиот тип на коронавирус изби во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, а до сега се прошири во повеќе од 200 земји.