Mustafa Deveci
13 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
ЕРУСАЛИМ
Шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, и покрај мерките против ширењето на коронаврусот (Ковид-19) допатува во посета на Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Се работи за прва официјална посета од почетокот на пандемијата. Авионот на шефот на американската дипломатија слета на аеродромот „Бен Гурион“, во близина на Тел Авив.
Помпео на социјалната мрежа Твитер објави дека е среќен што се наоѓа во Израел.
„Се бориме со две критични опасности, а тоа се Ковид-19 и Иран. Израел и САД ќе стојат едни до други против овие потешкотии“, рече шефот на американската дипломатија.
Помпео во текот на посетата ќе се состане со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со лидерот на Коалицијата на сино-белите Бени Ганц.