Tufan Aktaş
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Светската здравствена организација (СЗО) информираше дека приближно 1.000 здравствени работници во Африка се заразени со новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата на СЗО во Африка, по повод светскиот Ден на медицинските сестри, на социјалната мрежа Твитер објави текст во кој ги информира сите засегнати страни дека е потребно обезбедување заштитна опрема и материјал, со цел медицинскиот персонал да понуди безбедна услуга.
Во објавата во која се истакнува дека медицинските сестри се од примарно значење за јавното здравје, се наведува дека приближно 1.000 здавствени работници на африканскиот континент, меѓу кои поголемиот дел се медицински сестри, се заразени со новиот тип коронавирус.
Во Африка се детектирани вкупно 69.578 лица позитивни на Ковид-19, а досега од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 2.400 лица.