Zein Khalil,Ali Semerci
05 Мај 2024•Ажурирај: 06 Мај 2024
Ал КУДС (АА) - Израелската опозиција го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху дека се обидува да го блокира договорот за размена на заробеници за кој во тек се преговори со Хамас, известува Анадолу.
Неименуван израелски политички извор изјавил: „Тел Авив нема да се согласи да ја заврши војната во рамките на каков било договор со Хамас“, објавија израелските медиуми.
Лицето рекло дека војската ќе влезе во Рафа без разлика дали постои договор за прекин на огнот или не, за да се ослободат израелските заложници.
Одделни претставници на опозицијата во израелскиот паламент во својата објава на социјалната мрежа Х наведоа дека станува збор за изјава на канцеларијата на Нетанјаху во критичен момент.
Опозицијата на ова гледа како обид „да се блокираат преговорите пред да се добие, како што се очекува, позитивен одговор од Хамас“.
Карен Ал-Харар, членка на парламентот од партијата Јеш Атид (Има иднина), што ја предводи Јаир Лапид, на социјалната мрежа Х објави:
„Нетанјаху прави сѐ за да го блокира договорот.“
Меирав Бен-Ари, шефицата на Јеш Атид, во врска со брифингот на канцеларијата на израелскиот премиер пред очекуваниот договор со Хамас рече:
„Вратете ги (заробениците) назад во нивните домови и потоа продолжете. Војната не оди никаде, но киднапираните луѓе (заложниците) се во опасност секој ден“.