Bekir Aydoğan
05 Мај 2024•Ажурирај: 06 Мај 2024
ТЕЛ АВИВ (АА) - Израелски официјален претставник изјави дека нападите врз Појасот Газа нема да запрат и доколку во индиректните преговори со Хамас се постигне договор за размена на заробеници, известува Анадолу.
Израелски официјален претставник кој знае за индиректните разговори за размена на заробеници меѓу Израел и Хамас, даде изјава за весникот „Times of Israel“ на таа тема, но сакал да остане анонимен.
Ова лице рекло дека администрацијата на Тел Авив нема да ги запре нападите на Газа во рамките на договорот за размена на заробеници.
Тој изјавил и дека неговата земја ќе изведе копнен напад на Рафа, без разлика дали привремено ќе ги запре нападите во рамките на размената на заробеници.
„Wall Street Journal“, во своите вести засновани на неименуван египетски официјални лица, тврди дека Израел му дал на Хамас 7 дена да постигнат договор за размена на заробеници и дека доколку не се постигне договор, ќе започне копнена офанзива на Рафа.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на 30. април изјави дека ќе го нападне градот Рафа без разлика дали постои договор за размена на заробеници или не.
- Израелски напади на Појасот Газа
Од 7. октомври, кога започнаа израелската брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници, досега се убиени 34.654 Палестинци, соопшти Министерството за здравство на оваа палестинска енклава.
Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.
Според податоците на Обединетите нации, израелската напади врз палестинската енклава принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се раселат, предизвикувајќи акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.