свет

Израелската војска уапси уште 25 Палестинци во рации на Западниот Брег

- Приведувањата се извршени во градовите Рамала, Кудс, Тулкарм, Џенин и Салфит.

Rania R.a. Abushamala  | 28.03.2024 - Обновена : 29.03.2024
Израелската војска уапси уште 25 Палестинци во рации на Западниот Брег

РАМАЛА (АА) - Израелската војска приведе уште 25 Палестинци во текот на ноќта на окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.

Приведувањата се извршени во градовите Рамала, Кудс (Ерусалим), Тулкарм, Џенин и Салфит, соопштија Комисијата за прашања на притворениците и Здружението на палестински затвореници.

Според палестинските податоци, со последните приведувања бројот на Палестинци приведени од израелската војска на Западниот Брег од октомври минатата година достигна 7.845.

Тензиите низ Западниот Брег пораснаа откако Израел ја започна смртоносната воена офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Според Министерството за здравство, оттогаш од израелски оган на Западниот Брег убиени се 450 Палестинци, а околу 4.700 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремена одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира дека се обезбедува хуманитарна помош за цивилите во Газа, каде што се убиени над 32.500 Палестинци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.