Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Тинејџерски хероизам: Ислам Халилов за АА раскажа за храбриот чин за време на терористичкиот напад во Москва

15-годишното момче што спаси над сто луѓе за време на петочниот терористички напад, рече дека нападот „беше ужасно искуство, особено во паничната толпа и пукотниците“.
Elena Teslova
28 Март 2024•Ажурирано: 29 Март 2024
Тинејџерски хероизам: Ислам Халилов за АА раскажа за храбриот чин за време на терористичкиот напад во Москва

МОСКВА (АА) – ЕЛЕНА ТЕСЛОВА -

Ислам Халилов, 15-годишно момче што спаси над сто луѓе за време на петочниот терористички напад на концертната сала Крокус во Московската Област, рече дека нападот „беше ужасно искуство, особено во паничната толпа и пукотниците“.

Раскажувајќи ги случувањата за Анадолу, тинејџерот го опиша тој ден како „вообичаен работен ден“, истакнувајќи дека не очекувал никакви проблеми - ги извршувал своите задачи, на услуга на гледачите и направил пауза. Кога заѕвонило третото ѕвоно, кое сигнализирало затворање на вратите на аудиториумот и почеток на концертот точно во осум часот навечер, се случил терористичкиот напад.

Најмалку 140 луѓе беа убиени, а над 360 се повредени на 22 март кога вооружени напаѓачи отворија оган во концертната сала Крокус во Красногорск, Московската Област.

Истражниот комитет соопшти дека се приведени 11 лица, од кои четворица од сторителите, во пограничниот регион Брајанск, кои биле на пат за Украина.

- Евакуација на луѓето во паника -

„Најпрво слушнав необични звуци од првиот кат додека работев во гардеробата во подрумскиот дел. Прво мислев дека можеби станува збор за кавга на лице во пијана состојба или неисправен ескалатор“, рече тој. „Потоа, луѓето во паника почнаа да бегаат во различни правци од ескалаторот и скалите, потврдувајќи го моето сомневање за терористички напад. Веднаш го применив планот за евакуација, насочувајќи ги луѓето кон Меѓународниот изложбен центар Крокус Експо во непосредна близина на концертната сала.“

Халилов раскажа дека персоналот неодамна поминал обука за реагирање во вакви итни случаи.

„Обуката беше поттикната од разузнавачките служби што сугерираа можност за терористички напад, особено во концертните сали. Раководството одлучи да нѐ подготви. Генерално, бевме подготвени“, нагласи тој.

Во вакви кризи императив е да се остане присебен и да се извршуваат задачите брзо и точно.

„Клучно е да се дејствува брзо и ефикасно, речиси инстинктивно бидејќи животи висат на конец“, истакна тој. „Мој прв чекор беше да го привлечам вниманието на луѓето. Облечен во униформа, како познато лице од гардеробата, поединци инстинктивно веруваа во моето водство. Ги насочив според планот за евакуација, обезбедувајќи ред и безбедност.“

Момчето рече дека сакало да се врати по луѓето што останале во зградата, но откако излегол надвор безбедносниот персонал го спречил повторно да влезе.

„Тоа беше ужасно искуство, особено среде паничната толпа, стравувајќи од потенцијално пукање“, раскажа тој.

- Примен како херој во училиште -

Халилов раскажа дека органите на редот пристигнале приближно од 40 минути до еден час подоцна бидејќи не биле навреме известени.

„За среќа, нападот се случи по ифтар, оброкот за прекин на рамазанскиот пост, кој ме освежи и зајакна. Благодарение на заштитата на Алах, се вратив дома неповреден“, нагласи тој.

Во врска со последиците, тој рече дека интеракцијата со другите и неговата вера му обезбедиле утеха, ублажувајќи ги сите трајни последици.

„Религиозните практики, како што се ноќните молитви и рецитирањето зикр, ми носат мир и ми помагаат за мирен сон“, рече тој. „Да не се случеше нападот, тоа ќе беше регуларен ден на работа без посебни планови“, додаде тој.

Во понеделникот Ислам беше во училиштето, каде што беше почестен на церемонија на која присуствуваа видни личности. „Добив топли признанија, бев поздравен како херој за моите постапки“, рече тој.

- „На моето првороденче му го дадов името по нашата религија“ -

Таткото на Ислам, Бахтијар Халилов, рече дека имал обичен работен ден кога неговиот син му кажал за терористичкиот напад.

„Најпрво не ја сфатив тежината на ситуацијата, дури по вториот пат – а, има терористички напад, луѓето беа застрелани од непосредна близина“, раскажа тој.

„Прашав за неговата состојба, тој ме увери дека е на безбедно. Спомена евакуација на над 100 луѓе, иако не броеше. Успеал да сними неколку видеа, кои подоцна го потврдија бројот на спасени лица.“

- „Горд сум на херојството на мојот син“ -

„Мојот син е неверојатно активен, се занимава со фудбал со аспирации за професионална кариера. Го балансира училиштето со половично работно време уште од 12 години“, рече таткото.

„Јас сум неизмерно горд на херојството на мојот син. Ислам, име што му го дадов во чест на нашата религија, ги отелотворува учењата на исламот преку неговите постапки. Постојано ги потсетувам двајцата синови да ја подадат раката на помош, нагласувајќи ги важноста на чесноста и интегритетот". нагласи тој.

„Нашата религија промовира љубезност и ги осудува чиновите на терор. Одговорните (за нападот) немаат никаква поврзаност со исламот. Исламот не нè учи на тоа. Исламот е многу убава и религија на усогласеност“, истакна гордиот татко.

related_topics:
спасени 100 лицаРусијанападМоскваконцертна сала КрокусИслам Халилов
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription

contact_the_ombudsman

is_there_an_error_in_this_story

ombudsman_apply_button
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Израелската војска уапси уште 25 Палестинци во рации на Западниот Брег

Израелската војска уапси уште 25 Палестинци во рации на Западниот Брег

Следно

Израелската блокада зема животи: Во Газа од неисхранетост почина шестгодишно дете

Израелската блокада зема животи: Во Газа од неисхранетост почина шестгодишно дете

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турски авиони ги бомбардираа позициите на терористите во северен Ирак

Турски авиони ги бомбардираа позициите на терористите во северен Ирак

По барање на Русија се состана Советот за безбедност на ОН

По барање на Русија се состана Советот за безбедност на ОН

Воздушни напади врз цивили во Алепо, загинаа 51 лице

Воздушни напади врз цивили во Алепо, загинаа 51 лице

Напад на конвој на НАТО во Кабул, повредени се четири лица

Напад на конвој на НАТО во Кабул, повредени се четири лица

Во последниот израелски напад на Газа причинета штета од 9,5 милиони долари

Во последниот израелски напад на Газа причинета штета од 9,5 милиони долари

Воздушен напад на режимот на Асад врз Идлиб, тројца загинати

Воздушен напад на режимот на Асад врз Идлиб, тројца загинати

Москва го пофали распоредувањето на севернокорејски војници во Русија

Москва го пофали распоредувањето на севернокорејски војници во Русија

Хаваи: Засега нема забележани опасни бранови по силниот земјотрес кај Камчатка

Хаваи: Засега нема забележани опасни бранови по силниот земјотрес кај Камчатка

Во Абу Даби започнаа втората рунда трилатерални преговори за војната меѓу Русија и Украина

Во Абу Даби започнаа втората рунда трилатерални преговори за војната меѓу Русија и Украина

Рускиот претседател Путин: „Оваа година ќе оствариме извоз од 50-60 милиони тони жито“

Рускиот претседател Путин: „Оваа година ќе оствариме извоз од 50-60 милиони тони жито“